Thursday, January 5, 2012

10-те најболни цитати од Библијата



Деновиве излегоа информации дека од МПЦ-ОА се бара државата да одделува средства од својот буџет за плати и бенефиции за свештените лица. Не земале доволно пари наплаќајќи услуги како пеење на вода и леб, услуги за за кои тие не се ни даночени. Добивање државна плата, велат поповите, би не доближило до Европската Унија. Иритираниот Владиката Петар почна да зборува дека народот досега ја обезвреднил духовната храна „зашто додека на јадење, пиење и лумпување на свадби се трошат и по 10.000 евра, надоместокот за крштевки и венчавки на верниците им се гледа скап“.

Искрено сочувствував со Петар и неговата желба за купување на најновиот џип (со 360 коњски сили е!) и решив да го посетам најголемиот православен портал во Македонија и да ги видам достигнувањата на оваа обесправена група.

Во овој 
текст преземен  од Нова Македонија (затоа што се што е добро треба да се копира насекаде) се зборува за тажната судбина на Христијаните во Европа на кои им било срам да се декларираат. Меѓу другото пишува...
Бројот на христијаните во Европа е намален од 66 отсто на 25 отсто. Верските аналитичари не се загрижени од овој податок, објавен деновиве, истакнувајќи дека во светски рамки бројот на христијаните е зголемен од 600 милиони во 1910 година на две милијарди минатата година 
Никој не тврди дека бројките се силна страна на Христијаните, ама горниов пасус е толку глупав, што и дете од шесто одделение би забележало.

Во светот во 1910-та живееле 1.75 милијарди луѓе, денес живеат повеќе од 7 милијарди. Значи покрај тоа што е повеќе од три пати зголемен бројот на Христијани во светот, зголемен е и на Муслимани, атеисти, педери, црнци и луѓе со многу големи носеви. Во 1910-та Кина имала едвај пола милјарда жители, денес ги има 1.4 милјарди.
Вторник попладне. Необично празни улици во некоја кинеска паланка.
Текстот завршува со некои параноидни теоретизирања околу занемарувањето на религијата од страна на народите кои се опседнати со модерниот демон - конзумеризмот. Овој страв од “кокаколизмот“, како што милуваат да го кажат, бил пострашен од комунизмот, веројатно затоа што му нуди секому тоа што го посакува, наместо тоа што го кажува некој тип облечен ко Генерал или Владика со златна круна и кашмирска наметка.

Најдобриот текст на кој налетав е “Хомосексуалниот Христијанин“ од човек со најдобрата титула Протопрезвитер. Има фантастични цитати од библијата каде што маж со маж не треба да легне затоа што тоа е “гнасно дело“.

Нормално, кога  Христијаните ја цитираат нивната Света Книга знаат да ги рипнат некои проблематични делови зашто може да побудат чувства на 'КОЈ КУР!?' и 'БЕГАЈ ОД МЕНЕ ЧУДАКУ!'

Еве ги моите омилени 10 болни цитати од Библијата.


10. „А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.“ - 1 Тимотеј 2:12

Глупaви жени, оптеретени со кревки тела и редовни крварења, не смеете да бидете немирни. Сега Бог гледа дека 80 проценти од наставниците и професорите се жени и не' осудува!

9. Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!“ - Псалм 137:9

Прекрасна слика и фина порака за удирање на деца од камења. Затоа што малите копилиња се многу гласни.

Сум можела да го фрлам џуџево на камен?!
8. „Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови. Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи. Нема право да ја продаде на странци, кога не и бил верен. А ако ја одреди за својот син, нека постапува со неа како и со ќерка.“ - Излез 21:7-8

Интересни совети за тоа како човек може да си ја продаде ќерка си за робинка. Купецот не смее да има секс со неа доколку му ја подари на синот, зашто моногамијата е клучна дури и во случаи кога се работи со тргувани човечки суштества.  
Tretiraj je kao kraljicu, jebi je kao kurvu.
7. „И ќе им дадам да го јадат месото на своите синови и ќерки. Да, секој ќе го јаде месото на својот ближен заради претешката неволја со која ќе ги притиснат нивните непријатели, што им работат спроти главата.“ - Еремија 19:9
Месото чоечко насушено дај ни го денес и прости ни. Амин.
6. „А кога им стигна ова писмо, ги зедоа царевите синови и ги погубија сите седумдесет. Нивните глави ги ставија во кошници и му ги испратија нему во Езраел. Гласникот дојде и му јави: „Ги донесоа главите на царските синови.” Тој рече: „Ставете ги до утре кај влезната врата, на две купчиња.”“ - 2 Цареви 10:7,8

Силни пораки на љубов и толеранција и сечење на глави лево-десно како да е предисториски филм со Стивен Сигал. 

Но, ако се свртам вака задникот ми е напред! Ха!
5.Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.“ - Левит 21:9

Дали ова навистина е најдоброто што совршениот Бог може да го направи? Да наредува блудните жени да бидат изгорени? И после некои ќе речат дека Католичката црква во Средниот век многу погрешно ја толкувала Библијата кога палела вештерки. (Види Излез 22:18 за инструкции)

4.А ќе јадеш погача од јачмен што ќе ја испечеш пред нив врз човечка нечистота. И Господ рече: „Така Израелевите синови ќе го јадат својот нечист леб меѓу народите меѓу кои ќе ги протерам.”“ - Езекиел 4:12

За оние кои ги буни горниот цитат, ќе им го преведам на непоетски јазик. Во основа Господ вели дека Израеловите синови ќе јадат погача со гомна.


Дај ми од овие. Со лајна.
3. Зашто таа му се предаде на уште полошо блудство, спомнувајќи си за деновите на својата младост кога му се предаваше на блудството во Египет распалувајќи се по развратниците, на кои машката снага им беше како на магаре, а изливот како кај коњите.“ - Езекиел 23:19,20

На Премин Портал пишуваат како западната култура е лулка на одвратната порнографија, а во старата добра книга се опеваат човечки пениси големи колку на магариња и обемни коњовидни ејакулации...

2. Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело, тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.“ - Второзаконие 22:28,29

Во доба кога светоста на бракот е загрозена од гнасните педери кои сакаат да се венчаваат, убаво е да се знае дека може да се зачува оваа света институција за сите оние кои не можат да си најдат сопруга по стандарден пат. Се што треба да е направи е да се силува девица и да се плати одредена сума пари на нејзиниот татко и оп, женичка!
Малку неконсензуален секс и после ќе пуштам Џо Кокер!
1.Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет. Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”“ - 1 Самоил 15:2,3

Непогрешливиот Бог повикува на тотален геноцид врз еден народ. Симпатично.
Уште еден мирен контрапротест

Thursday, December 22, 2011

Константин Кајшаров - Измамник #2

Вториот и можеби поефикасен преварант и криминалец на македонската гатачка сцена е Константин "Тино" Кајшаров, или самопрогласениот Мастер Константин кој титулата сигурно ја добил од Мастер Јода.

Тино е дечко од Велес кој со своите необични моќи се прослави низ цела Македонија па и пошироко, стигајќи се до Србија, Америка па и Јапонија кај колегата шарлатан Масару Емото (Јапонец кој тврди дека молекуларната структура на водата се менува преку човечката свест, иако не е научник и покрај понудени милион долари не е во можност да го поткрепи тврењето).

Кога сме кај парите, мисијата на Кајшаров е да шири љубов и вистина. Се разбира тоа го прави преку разни семинари и консултации со варирачки цени од 3 илјади па се до 6 илјади денари.

Ценовникот го има истакнато на неговата официјална веб страна.




Шест илјади денари за дебел транвестит со језив глас!

Мастер Тино скапо ги наплаќа своите духовни совети повикувајќи се на Исус, Буда, Далај Лама и Саи Баба. Ова отежнува да заклучиме дали Тино верува во еден Бог и пророк или сите Богови(?). Ако ве интересира што Тино прави во слободно време кога не лекува, тој пишува и пее. Да! Најчесто пее духовни песни, но неговиот талент се забележал пред да стане исцелител, за време на студиите во Бугарија. Ова е неговиот прв спот...



Сума сумарум, целиот спот се состои од Константин и млада Бугарка како се лижат по згради, паркови и хотелски соби. Порното со Драги Шпага има повеќе вкус и романтика од спотов на нашиот надежен певец.

Стилот на Кајшаров варира од имитирање на Стивен Сигал...



...Се до глумење роднина на Марија Шерифовиќ...



Ако сте некој од неговите потенцијални или сегашни жртви, ве молам сетете се дека човекот што што наплаќа огромни суми за неговите услуги и се претставува како исцелител, духовен учител и со негови зборови “служи за возвишени цели”, е всушност пропаднат поп пејач и измамник. Нека во глава ви остане врежана оваа негова фотографија.




Иван Исцелител - Измамник

Иван Исцелител е надрилекар (самонаречен исцелител) од Куманово кој покрај тоа што занимава со алтернативна медицина (читај: никаква медицина), тој тврди дека има дополнителни моќи на телекинеза и оживување на помали животни.

Во видеото тој левитира шише и раскажува како реанимирал куче.

Типот со конопот не е прикажан. Кучето веројатно одамна е мртво.

Иван со години работел во Скопје и тоа во близина на Државна болница, но докторите оттаму направиле заговор против него затоа што се исплашиле дека тој им ги зема сите клиенти, што ќе ја затвори клиниката и заедно со државни инспектори му наредиле да се релоцира. Знаејќи го менталитетот на голем број на луѓето во Македонија, тоа сценарио и не е толку надвор од умот колку што изгледа.


Покрај неговите секојдневни средби со граѓани кои му даваат пари за да не им направи ништо корисно, тој е и автор на скромно насловената  „Света Книга“ каде што точка по точка ја побива современата медицина и го нуди своето магично решение за голем број на болести.

Еве што има тој да каже за нервозата.

НЕРВОЗА: кога човек се нервира. Како настанува нервоза? Мислата реагира на нервниот систем.  Во нервниот систем има невротони  тие се клетки кога човекот е стабилен тие полека реагираат кога е нервозен  тие толку јако реагираат. Кои се симпт[омите] на повеќе дневна нервоза: главо болка, стегање на главата, зуење на ушите, висок притисок, сушење на плунка во уста, бол во врат и кичма, тежина во градите и грлото, мачнина во стомакот... Во централниот нервен систем доаѓа до нервно вегетативен поремеќај.
 МЕДИЦИНА: им дава лекови кои содржат високи концентрации на синтетички дроги. Од тие лекови се оштетува мозокот и завршуваат во лудница и самоубиство.
ИВАН: кога доаѓа пациент престанува со лекови. Јас со мојата терапија му ги смирувам неврутоните и тој потполно си оздрави. 
Не е точно. Што, по ѓаволите, се неврутони?

А ова е неговиот лек за ракот. Кој рак се прашувате? Сите!
Божјиот дух го дешифрира ДНК и го појачува имунитет 100 % да работи ги гори карциногените и туморните клетки и тој пациент ако не е зрачен или ако не примал хемотерапија за 10 дена си оздрави. Но ако одел на лекари си оздравува, ама потешко. Дури по 2 месеци. Сите пациенти кои биле кај мене оздравеле. Еве драги читатели има лек за рак. Бесплатен е.
Не е бесплатно, лажго. И не е убаво да им велиш да престанат да земаат хемотерапија, убиецу.
Ако Божјиот дух постои, ја има волјата да помогне на заболените и од некоја причина  решава да работи токму преку тебе, од која причина тогаш им го направил ракот на луѓето? Нели духот е дел од сезнаечкото трио? Кој си ти да се мешаш во плановите на богот во кој веруваш?

Простата е мускул кој врши функција како вентил да мокри човек и да пушта семе (сперма). Доаѓа од претеран секс и нередовно мокрење (држење на мокраќата во себе)
Покрај медицинските разгледи, тој пишува и за религиите.
Хиндуизам:оваа религија ја напишал професор Ганди и ја веруваат во Индија. Таму пишува дека крава е Бог.

Си учел многу поинаква историја на религија од мене. Која е погрешна.

Во книгичето  тој зборува и против неговата најголема конкуренција, шарлатаните како него. Тој пишува како не треба да им веруваме на “врачарите оти тие се со ѓаволот“. Не треба да ти веруваме на тебе дека работиш со неразумот. Идиот.

Измамничкото работење на вакви псевдомедицинари е помогнато и од Златна Книга. Таа има листа на видовити луѓе, астролози и енергетичари.
Каде е оној кретенот Константин на листава? Ах, еве го под “алтернативна медицина“.
Дилетантус Супремус

Четирите најужасни кампањски песни во македонската историја

Македонија можеби се наоѓа на 73-тото место според демократијата во светот со влошена слобода на медиумите, но тоа не не спречува да имаме првокласни политички песни.

4.  Ова мало ремек дело има многу тесен домен на дејствување. Поради својот провинциски дух, за жал е на последното место на мојата листа, но од друга страна тоа го прави посебно шармантно. Тоа што во песната се рапува за животите на дечките од УМС- ОК Кисела Вода не значи дека делото е неквалитетно или дека е со ниска продукција. Напротив, мислам дека ангажираниот рап е еден од најдобрите правци во историјата на музиката. Следејќи го примерот на Тупак, Мос Деф и Д Рутс, момците од УМС Кисела вода гаѓаат право во моето срце со стихови како:
Томче од Кисела Вода,
нов е не го чепкам
Мартин од Драчево
комуњаришта ќе тепал
Сашо од зградите
у „Долина на волците“ е филм,
а Даре од Усје оженет си бил



3.  Во 2002 година СДСМ добија нов мандат. Наводно тоа се должеше на лошите политики на претходната гарнитура, желбата на народот во пост-воена Македонија да види нов начин на владеење и слични рационални срања, но јас мислам дека за победата заслужен беше Дарио кој во кампањската песна за партијата ветрови го шибаа со 80 километри на час на врв на некој рид.

Повремено облачно со умерено засилен јужен ветар


 Нормално, семплот со Бранко и неговиот веќе култен говор “На петнаести септември овој народ“, пандан на “Јас имам сон“ на Мартин Лутер Кинг, помогна да се зацементира победата.




2.
Луѓето без насмевки,
изгубени полека одат,
живеат без надежи како во место да стојат,
премногу долго чекаме немаме младост и век,
знаеме што да правиме, од грешките учиме се.
Земјата бара будење пак,
предолго заспана била,
нашето сонце пробива мрак,
Македонија има сила

Оваа химна на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та започнува со апокалиптички слики за Македонија и неможноста на народот во неа да се насмевне, пред да експлодира во прослава на надежта и прекрасен народен триумф.




1.  Младината на СПМ заслужено се најде на првото место. Со нивната нумера “Ајде, биди социјалист“ ни покажаа и докажаа како една партија треба да регрутира ново членство - со тоа што не фаќа на емоции и после ни го гали егото. Нормално, не може туку-така да станеш социјалист. Прво треба да се исполнат некои основни физички предизпоции, како на пример срцето да ти “бие на лева страна“.

Визионер (визионер)
космополит
мисионер, човек хуманист
биди и ти (биди и ти)
биди и ти,
ајде биди социјалист!

Спотот е исто така целосен успех. Малку наликува на оние колаборативни срања  на американските поп-ѕвезди, каде што Боно, Шер и компанија прават заеднички сингл-проект за да ги спасат црнците во Африка. Само ова е илјада пати позакон затоа што се симнуваат во слоу моушн на Кале. И еден тип мавта со прст зборувајќи за социјална правда. И го има и Ѕинго.

Мојот омилен дел е тоа црнечкото задоволно “Ммммм“ што се појавува одвреме-навреме. Генијално!

 

Propria Cures Copyright © 2011 -- Template created by O Pregador -- Powered by Blogger