Thursday, December 22, 2011

Константин Кајшаров - Измамник #2

Вториот и можеби поефикасен преварант и криминалец на македонската гатачка сцена е Константин "Тино" Кајшаров, или самопрогласениот Мастер Константин кој титулата сигурно ја добил од Мастер Јода.

Тино е дечко од Велес кој со своите необични моќи се прослави низ цела Македонија па и пошироко, стигајќи се до Србија, Америка па и Јапонија кај колегата шарлатан Масару Емото (Јапонец кој тврди дека молекуларната структура на водата се менува преку човечката свест, иако не е научник и покрај понудени милион долари не е во можност да го поткрепи тврењето).

Кога сме кај парите, мисијата на Кајшаров е да шири љубов и вистина. Се разбира тоа го прави преку разни семинари и консултации со варирачки цени од 3 илјади па се до 6 илјади денари.

Ценовникот го има истакнато на неговата официјална веб страна.




Шест илјади денари за дебел транвестит со језив глас!

Мастер Тино скапо ги наплаќа своите духовни совети повикувајќи се на Исус, Буда, Далај Лама и Саи Баба. Ова отежнува да заклучиме дали Тино верува во еден Бог и пророк или сите Богови(?). Ако ве интересира што Тино прави во слободно време кога не лекува, тој пишува и пее. Да! Најчесто пее духовни песни, но неговиот талент се забележал пред да стане исцелител, за време на студиите во Бугарија. Ова е неговиот прв спот...



Сума сумарум, целиот спот се состои од Константин и млада Бугарка како се лижат по згради, паркови и хотелски соби. Порното со Драги Шпага има повеќе вкус и романтика од спотов на нашиот надежен певец.

Стилот на Кајшаров варира од имитирање на Стивен Сигал...



...Се до глумење роднина на Марија Шерифовиќ...



Ако сте некој од неговите потенцијални или сегашни жртви, ве молам сетете се дека човекот што што наплаќа огромни суми за неговите услуги и се претставува како исцелител, духовен учител и со негови зборови “служи за возвишени цели”, е всушност пропаднат поп пејач и измамник. Нека во глава ви остане врежана оваа негова фотографија.




Иван Исцелител - Измамник

Иван Исцелител е надрилекар (самонаречен исцелител) од Куманово кој покрај тоа што занимава со алтернативна медицина (читај: никаква медицина), тој тврди дека има дополнителни моќи на телекинеза и оживување на помали животни.

Во видеото тој левитира шише и раскажува како реанимирал куче.

Типот со конопот не е прикажан. Кучето веројатно одамна е мртво.

Иван со години работел во Скопје и тоа во близина на Државна болница, но докторите оттаму направиле заговор против него затоа што се исплашиле дека тој им ги зема сите клиенти, што ќе ја затвори клиниката и заедно со државни инспектори му наредиле да се релоцира. Знаејќи го менталитетот на голем број на луѓето во Македонија, тоа сценарио и не е толку надвор од умот колку што изгледа.


Покрај неговите секојдневни средби со граѓани кои му даваат пари за да не им направи ништо корисно, тој е и автор на скромно насловената  „Света Книга“ каде што точка по точка ја побива современата медицина и го нуди своето магично решение за голем број на болести.

Еве што има тој да каже за нервозата.

НЕРВОЗА: кога човек се нервира. Како настанува нервоза? Мислата реагира на нервниот систем.  Во нервниот систем има невротони  тие се клетки кога човекот е стабилен тие полека реагираат кога е нервозен  тие толку јако реагираат. Кои се симпт[омите] на повеќе дневна нервоза: главо болка, стегање на главата, зуење на ушите, висок притисок, сушење на плунка во уста, бол во врат и кичма, тежина во градите и грлото, мачнина во стомакот... Во централниот нервен систем доаѓа до нервно вегетативен поремеќај.
 МЕДИЦИНА: им дава лекови кои содржат високи концентрации на синтетички дроги. Од тие лекови се оштетува мозокот и завршуваат во лудница и самоубиство.
ИВАН: кога доаѓа пациент престанува со лекови. Јас со мојата терапија му ги смирувам неврутоните и тој потполно си оздрави. 
Не е точно. Што, по ѓаволите, се неврутони?

А ова е неговиот лек за ракот. Кој рак се прашувате? Сите!
Божјиот дух го дешифрира ДНК и го појачува имунитет 100 % да работи ги гори карциногените и туморните клетки и тој пациент ако не е зрачен или ако не примал хемотерапија за 10 дена си оздрави. Но ако одел на лекари си оздравува, ама потешко. Дури по 2 месеци. Сите пациенти кои биле кај мене оздравеле. Еве драги читатели има лек за рак. Бесплатен е.
Не е бесплатно, лажго. И не е убаво да им велиш да престанат да земаат хемотерапија, убиецу.
Ако Божјиот дух постои, ја има волјата да помогне на заболените и од некоја причина  решава да работи токму преку тебе, од која причина тогаш им го направил ракот на луѓето? Нели духот е дел од сезнаечкото трио? Кој си ти да се мешаш во плановите на богот во кој веруваш?

Простата е мускул кој врши функција како вентил да мокри човек и да пушта семе (сперма). Доаѓа од претеран секс и нередовно мокрење (држење на мокраќата во себе)
Покрај медицинските разгледи, тој пишува и за религиите.
Хиндуизам:оваа религија ја напишал професор Ганди и ја веруваат во Индија. Таму пишува дека крава е Бог.

Си учел многу поинаква историја на религија од мене. Која е погрешна.

Во книгичето  тој зборува и против неговата најголема конкуренција, шарлатаните како него. Тој пишува како не треба да им веруваме на “врачарите оти тие се со ѓаволот“. Не треба да ти веруваме на тебе дека работиш со неразумот. Идиот.

Измамничкото работење на вакви псевдомедицинари е помогнато и од Златна Книга. Таа има листа на видовити луѓе, астролози и енергетичари.
Каде е оној кретенот Константин на листава? Ах, еве го под “алтернативна медицина“.
Дилетантус Супремус

Четирите најужасни кампањски песни во македонската историја

Македонија можеби се наоѓа на 73-тото место според демократијата во светот со влошена слобода на медиумите, но тоа не не спречува да имаме првокласни политички песни.

4.  Ова мало ремек дело има многу тесен домен на дејствување. Поради својот провинциски дух, за жал е на последното место на мојата листа, но од друга страна тоа го прави посебно шармантно. Тоа што во песната се рапува за животите на дечките од УМС- ОК Кисела Вода не значи дека делото е неквалитетно или дека е со ниска продукција. Напротив, мислам дека ангажираниот рап е еден од најдобрите правци во историјата на музиката. Следејќи го примерот на Тупак, Мос Деф и Д Рутс, момците од УМС Кисела вода гаѓаат право во моето срце со стихови како:
Томче од Кисела Вода,
нов е не го чепкам
Мартин од Драчево
комуњаришта ќе тепал
Сашо од зградите
у „Долина на волците“ е филм,
а Даре од Усје оженет си бил



3.  Во 2002 година СДСМ добија нов мандат. Наводно тоа се должеше на лошите политики на претходната гарнитура, желбата на народот во пост-воена Македонија да види нов начин на владеење и слични рационални срања, но јас мислам дека за победата заслужен беше Дарио кој во кампањската песна за партијата ветрови го шибаа со 80 километри на час на врв на некој рид.

Повремено облачно со умерено засилен јужен ветар


 Нормално, семплот со Бранко и неговиот веќе култен говор “На петнаести септември овој народ“, пандан на “Јас имам сон“ на Мартин Лутер Кинг, помогна да се зацементира победата.




2.
Луѓето без насмевки,
изгубени полека одат,
живеат без надежи како во место да стојат,
премногу долго чекаме немаме младост и век,
знаеме што да правиме, од грешките учиме се.
Земјата бара будење пак,
предолго заспана била,
нашето сонце пробива мрак,
Македонија има сила

Оваа химна на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та започнува со апокалиптички слики за Македонија и неможноста на народот во неа да се насмевне, пред да експлодира во прослава на надежта и прекрасен народен триумф.




1.  Младината на СПМ заслужено се најде на првото место. Со нивната нумера “Ајде, биди социјалист“ ни покажаа и докажаа како една партија треба да регрутира ново членство - со тоа што не фаќа на емоции и после ни го гали егото. Нормално, не може туку-така да станеш социјалист. Прво треба да се исполнат некои основни физички предизпоции, како на пример срцето да ти “бие на лева страна“.

Визионер (визионер)
космополит
мисионер, човек хуманист
биди и ти (биди и ти)
биди и ти,
ајде биди социјалист!

Спотот е исто така целосен успех. Малку наликува на оние колаборативни срања  на американските поп-ѕвезди, каде што Боно, Шер и компанија прават заеднички сингл-проект за да ги спасат црнците во Африка. Само ова е илјада пати позакон затоа што се симнуваат во слоу моушн на Кале. И еден тип мавта со прст зборувајќи за социјална правда. И го има и Ѕинго.

Мојот омилен дел е тоа црнечкото задоволно “Ммммм“ што се појавува одвреме-навреме. Генијално!

 

Propria Cures Copyright © 2011 -- Template created by O Pregador -- Powered by Blogger