Thursday, December 22, 2011

Иван Исцелител - Измамник

Иван Исцелител е надрилекар (самонаречен исцелител) од Куманово кој покрај тоа што занимава со алтернативна медицина (читај: никаква медицина), тој тврди дека има дополнителни моќи на телекинеза и оживување на помали животни.

Во видеото тој левитира шише и раскажува како реанимирал куче.

Типот со конопот не е прикажан. Кучето веројатно одамна е мртво.

Иван со години работел во Скопје и тоа во близина на Државна болница, но докторите оттаму направиле заговор против него затоа што се исплашиле дека тој им ги зема сите клиенти, што ќе ја затвори клиниката и заедно со државни инспектори му наредиле да се релоцира. Знаејќи го менталитетот на голем број на луѓето во Македонија, тоа сценарио и не е толку надвор од умот колку што изгледа.


Покрај неговите секојдневни средби со граѓани кои му даваат пари за да не им направи ништо корисно, тој е и автор на скромно насловената  „Света Книга“ каде што точка по точка ја побива современата медицина и го нуди своето магично решение за голем број на болести.

Еве што има тој да каже за нервозата.

НЕРВОЗА: кога човек се нервира. Како настанува нервоза? Мислата реагира на нервниот систем.  Во нервниот систем има невротони  тие се клетки кога човекот е стабилен тие полека реагираат кога е нервозен  тие толку јако реагираат. Кои се симпт[омите] на повеќе дневна нервоза: главо болка, стегање на главата, зуење на ушите, висок притисок, сушење на плунка во уста, бол во врат и кичма, тежина во градите и грлото, мачнина во стомакот... Во централниот нервен систем доаѓа до нервно вегетативен поремеќај.
 МЕДИЦИНА: им дава лекови кои содржат високи концентрации на синтетички дроги. Од тие лекови се оштетува мозокот и завршуваат во лудница и самоубиство.
ИВАН: кога доаѓа пациент престанува со лекови. Јас со мојата терапија му ги смирувам неврутоните и тој потполно си оздрави. 
Не е точно. Што, по ѓаволите, се неврутони?

А ова е неговиот лек за ракот. Кој рак се прашувате? Сите!
Божјиот дух го дешифрира ДНК и го појачува имунитет 100 % да работи ги гори карциногените и туморните клетки и тој пациент ако не е зрачен или ако не примал хемотерапија за 10 дена си оздрави. Но ако одел на лекари си оздравува, ама потешко. Дури по 2 месеци. Сите пациенти кои биле кај мене оздравеле. Еве драги читатели има лек за рак. Бесплатен е.
Не е бесплатно, лажго. И не е убаво да им велиш да престанат да земаат хемотерапија, убиецу.
Ако Божјиот дух постои, ја има волјата да помогне на заболените и од некоја причина  решава да работи токму преку тебе, од која причина тогаш им го направил ракот на луѓето? Нели духот е дел од сезнаечкото трио? Кој си ти да се мешаш во плановите на богот во кој веруваш?

Простата е мускул кој врши функција како вентил да мокри човек и да пушта семе (сперма). Доаѓа од претеран секс и нередовно мокрење (држење на мокраќата во себе)
Покрај медицинските разгледи, тој пишува и за религиите.
Хиндуизам:оваа религија ја напишал професор Ганди и ја веруваат во Индија. Таму пишува дека крава е Бог.

Си учел многу поинаква историја на религија од мене. Која е погрешна.

Во книгичето  тој зборува и против неговата најголема конкуренција, шарлатаните како него. Тој пишува како не треба да им веруваме на “врачарите оти тие се со ѓаволот“. Не треба да ти веруваме на тебе дека работиш со неразумот. Идиот.

Измамничкото работење на вакви псевдомедицинари е помогнато и од Златна Книга. Таа има листа на видовити луѓе, астролози и енергетичари.
Каде е оној кретенот Константин на листава? Ах, еве го под “алтернативна медицина“.
Дилетантус Супремус

1 comment:

 

Propria Cures Copyright © 2011 -- Template created by O Pregador -- Powered by Blogger